Неверојатна 95-годишна баба е доказ дека никогаш за ништо во животот не е доцна

Американката Филис Суес стана инспирација за жените низ целиот свет поради својот начин на живеење. Поточно, Филис има 95 години и ја пишува својата прва книга „Дваесет совети како да го промените животот”. Таа истакнува дека никогаш во животот не брзала, па така на 50 години почнала свој бизнис, на 75 години летала на трапез, на 85 години првпат отишла на јога, за прв пат скокнала со падобран кога имала 90 години.

За долгиот живот Филис може делумно да се заблагодари и на гените. Нејзината сестра неодамна го прослави својот 100-ти роденден, а нејзината мајка доживеа 94 години. Сепак, таа верува дека клучот за долговечноста и здравјето е во тоа да остане активена, отворен и без страв од учење на нешто ново. Филис е поранешна танчарка која со балет почнала да се занимава кога имала 14 години. Таа никогаш немала повеќе од 45 килограми, а што се однесува до нејзината исхрана вели дека јаде сè, но дека тајната е во количеството, односно во порциите. Оваа 95-годишна баба вежба јога секое утро по еден час, а освен тоа игра и танго.Тоа е мојата филозофија. Да се живее без активност е ужасно, затоа почнете да се движите.

Танцувајте, одете, што било, само да се движите. После тоа, треба да знаете како да се справите со предизвиците, бидејќи има толку многу. Прифатете ги, одговорете на нив и научете нешто ново секој ден – нов јазик или музички инструмент … Јас сум многу мотивирана и не се откажувам, колку и да е тешко, знам дека ќе успеам “, вели Филис

Треба да знаете
Последни објави