Британската полиција уапси двајца мажи осомничени дека силувале ѕвезда на телевизиско реалити шоу. Не сакаа да го откријат идентитетот на девојката, но рекоа дека е позната личност. Таа тврди дека се разбудила на домашна забава и потоа сфатила дека била нападната. Таа ја повикала полицијата, и веднаш добила лекарска помош. Забавата се одвивала во близина на телевизиското студио каде што девојката снимила емисија претходно истиот ден. Полицијата уапси двајца мажи, еден на 20-годишна возраст и еден на возраст од 28 години под сомнение дека ја нападнале ТВ-ѕвездата. Тие инсистираат на тоа дека станува збор за секс во тројка со согласност на сите учесници. Во тек е полициска истрага и се испрашуваат вработените и гостите за забавата. Кога се разбудила, сфатила дека е нападната и веднаш побарала помош. Таа беше во лоша психичка состојба. Таа е познато лице и има многу телевизиски обожаватели”, вели учесник на забавата. Тој рече дека на забавата имало многу алкохол и дрога.