Два силни земјотреса, со јачина од 6 и 6,6 степени стресоа област јужно од индонезискиот град Раба, на островот Сумбава.
Не е издадено предупредување за цунами, а засега нема извештаи за евентуална штета или повредени.
„Ројтерс“ потсетува дека лани во Индинезија во серија земјотреси и цунами загинаа повеќе од 3.000 лица.