Поранешниот словенечки премиер и лидер на словенечката Демократска партија, Јанез Јанша е казнет со 6.000 евра поради навреда врз две новинарки од Радио телевизија Словенија.
Во пресудата е одредено Јанша да ги плати и трошоците за спорот, во висина од 513 евра, објави агенцијата СТА.
Во пораката што на „Твитер“ ја објави Јанша во 2016 година, новинарката Евгенија Карл и уредничката Мојца Пашек ги нарече „испрани проститутки чиишто евтини услуги се на понуда на ‘Фејсбук’ страната на јавната куќа“.
Двете новинарки го тужеа Јанша по објавата.