Блокадата на Трамп над буџетот која трае ввќе 31 ден, претставува најдолгата блокада на федералната влада во Америка досега, а споредтамошните медиуми, лидерот на републиканците во Сенатот има предлог за нејзино завршување.
Сепак, демократите сметаат дека предлогот на сенаторот Меконел е осуден на неуспех.
Планот на претседателот на САД предвидува дека имигрантите кои влегле во земјата илегално како деца, да бидат заштитени три години од депортацијата, а содржи и продолжување на заштитниот статус за луѓе кои ја напуштиле својата земја поради насилство или природни катастрофи.
Трамп бара 5,7 милијарди долари за изградба на ѕидот на границата меѓу САД и Мексико.
„Претседателот во суштина претстави план за решавање на кризата на границата, за безбедност на границите и да ни го отвори патот за деблокирање на Владата”, рече заменик претседателот на САД, Мајк Пенс.
Демократите, пак, повторија дека изградбата на ѕидот е неефикасно и скапо решение. Тие бараат од Трамп и републиканците прво да ја деблокираат работата на владата, а потоа да отворат дијалог за безбедноста на границата, пишуваат тамошните медиуми.
„Мислам дека заменик претседателот и претседателот знаат дека она што го најави Трамп нема шанси да помине. Мислам дека претседателот само се обиде да го спречи падот на својот рејтинг, а тоа нас нема да не донесе до деблокада на владата. Трамп на почетокот на блокадата рече дека тој е горд на тоа, но дека мора да биде прекинато, и тоа е она што очекуваме да го слушнеме од него “, изјави демократот од Калифорнија, Адам Шиф.