Кевин Принс Боатенг до крајот на сезоната ќе го носи дресот на Барселона, а тоа веќе го потврдија Каталонците, како и самиот играч.
Барселона го доведува Боатенг за да го пополни местото на Денис Суарез кој се шпекулира дека ќе се пресели во Арсенал, а 31-годишниот фудбалер потврди дека се сели на „Камп Ноу“.
„Барселона, доаѓам. Сакам да постигнам гол против Реал Мадрид на следното Ел Класико“, порача Боатенг.
Каталонците исто така потврдија дека Боатенг е нов играч на клубот кој до крајот на сезоната ќе настапува како позајмен играч на италијански Сасуоло. Барселона исто така ќе има право на целосен откуп на неговиот договор по крајот на сезоната.