Турција и ЕУ ќе одржат самит во март

Министерот за надворешни работи на Романија, Теодор Мелескану, изјави дека земјата се подготвува за самитот меѓу Турција и Европската Унија, кој ќе биде одржан во Букурешт во март.

„Ние цврсто ја поддржуваме идејата за преговори меѓу Турција и ЕУ и една од нашите први идеи беше да се организира совет на асоцијации меѓу Турција и ЕУ“, изјави Мелескану.

„Целта е да ги поттикнеме и забрзаме преговорите за разни прашања, како и можноста да најдеме решенија“, додава Мелескану.

„Исто така, сакаме да организираме и настан на кој претседателот Ердоган и други функционери од Европската Унија ќе се сретнат во Букурешт и ако даде Бог, сè ќе биде во ред. Немаме фиксен датум“.

Мелескану вели дека Букурешт во моментот го планира самитот, а дека тој би требало да се одржи на почетокот на март.

Претходниот самит меѓу ЕУ и Турција се одржа минатиот март во Варна во Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави