Тешка сообраќајка во Аеродром
Тешка сообраќајка вечерва се случи на Бул.Јане Сандански во скопски Аеродром.
Возилото Фиат Чиквеченто движејки се со преголема брзина изгубило контрола и истото се превртило на кров.
Првичните информации на 24 инфо од очевидци на несреќата се дека има повреден и пренесен итно во клинички центар.
На лице место полицијата врши увид.
За подетални информации во подоцнежните часови.
Фото: 24 инфо