Вкупниот број на жители на Грција се намалил за 355.000 од 2008 до 2017 година, изјавил професорот на Универзитетот во Тесалија, Јоргос Рахиотис, припишувајќи го падот на стапката на наталитетот и економската криза, пренесува агенцијата „Танјуг“ повикувајќи се на АНА-МПА.
Говорејќи за „Аспектите на демографскиот проблем во Грција“ професорот Рахиотис рекол дека најбрзо решение е младите, високо специјализирани научници да се вратат во Грција, а земјата да воведе иницијативи за поддршка на мајчинството и породувањето, без оглед на бројот на деца.
Тој рекол дека е посебно важно повторно да се воспостави демографската рамнотежа во чувствителните делови на земјата, меѓу кои ги набројал Источна Македонија, Тракија и островите во северниот дел на Егејското море, каде што според професорот, односот меѓу наталитетот и морталитетот се претвора во прашање на национална безбедност.
Иако падот на наталитетот е феномен во цела Европа, а во Грција овој тренд започнал во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, бројот на населението продолжил да расте поради приливот на мигранти и стапката на наталитет која на моменти ја надминувала стапката на смртност.
Меѓутоа, професорот Рахиотис исткнал дека економската криза и вклучувањето на Грција во механизмите на кредитни меморандуми го нарушиле балансот