Во два одделни случаи во Тетово и Гостивар вчера биле уапсени двајца дилери кај кои полицијата пронашла хероин и кокаин.
Полицијата на улицата Киро Ристевски-Дрнц во Тетово уапсила 45-годишен тетовец, и по претресот кај него била пронајдена дрога хероин.
Утрово околу 30 минути по полноќ бил уапсен 31-годишник од гостиварското село Здуње, кај кого бил пронајден кокаин.
Против тетовецот и гостиварецот ќе бидат поднесени кривични пријави.