Кумановец осуден за тешка кражба уапсен на Табановце

Осуденик кој се барал за издржување казна затвор бил уапсен утрово на ГП Табановце, информира МВР.

Според полицијата, утрово околу 2 часот на ГП Табановце за влез во Република Македонија се пријавил  С.С.(32) од Куманово. По извршената пасошка контрола било констатирано дека истиот се барал за издржување казна затвор во траење од една година, за кривичното дело тешка кражба.

Осуденикот бил приведен и спроведен во  заатворот во Идризово.

Треба да знаете
Последни објави