Најмалку 27 лица загинаа во судир меѓу автобус и цистерна за нафта во југозападниот дел на Пакистан, објавија властите.
Несреќата се случила вчера, а локалниот официјален претставник Шабир Менгал изјави дека 14 лица кои биле повредени во несреќата починале во текот на ноќта во болниците.