Возач со автомобил удрил во пешак

Струмичанка со автомобил удрила во пешак и тешко го го повредила, вчера вечерта во Струмица. Според полицијата, сообраќајката се случила вчера во 20 часот, на улицата 22 Декември во Струмица.

Л.М.(25) од Струмица, управувајќи автомобил „фолксваген поло” со струмички регистарски ознаки, удрила во пешакот Б.В.(72) од Струмица.

Од ударот пешакот се здобил со тешки повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во  Струмица.

Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

Треба да знаете
Последни објави