Марио Балотели се уште е играч на Ница, но италијанските медиуми веќе подолго време шпекулираат дека би можел да го напушти клубот во јануарскиот преоден рок.
Се шпекулираше дека Италијанецот би можел да се врати во Серија А, потоа да го засили Марсеј, а сега се појавија гласини дека би можел да се врати во Премиер лигата.
Како што пренесува италијански медиум, од Вест Хем биле најзаинтересирани за услугите на Марио Балотели, откако претходно од Аталанта ја одбиле нивната понуда од 35 милиони фунти за Дуван Запата.
Оваа сезона, Марио Балотели има одиграно 10 натпревари во дресот на Ница во францускиот шампионат и досега нема постигнато ниту еден гол.