Опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение коментира дека е апсурдно владејачката партија да одбива предвремени избори поради наводни реформи.
Од партијата велат дека со влегување во кампања за избор на Претседател на Република Македонија, нема да функционира Собранието, а партиите ќе се фокусираат на промоцијата на кандидатите.
„Замерки од нашите меѓународни партнери може да има само доколку Заев се обиде да направи уште еден изборен фалсификат како кражбата на референдумските гласови. Вистината е дека СДСМ и Зоран Заев се плашат од граѓаните и бегаат од избори затоа што знаат дека ќе изгубат. Власта се плаши од граѓаните затоа што донесе противуставен закон за двојазичност и спротивно на волјата на граѓаните го промени името на државата. Зоран Заев десетина дена избега на луксузно зимување во Германија за да не распише избори. Сега откако се врати на сите можни начини бега од избори“, вели ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Опозицијата додава дека Македонија со власта веќе две години е на дното, а сите ветувања се покажале како лага. Посочуваат дека не е решен проблемот со загадувањето, економијата е на колена, а образованието тоне. ВМРО-ДПМНЕ додава и дека минатата година ќе остане запаметена како најлошата година за земјоделците од независноста до сега