Германија се повлекува од поморската мисија на ЕУ на Медитеранот

Германија привремено се повлекува од операцијата „Софија“ – поморска мисија на ЕУ, чија задача е да ја сузбие трговијата со луѓе на Медитеранот, поради негативните ставови кон пристугувањата на илегални мигранти во Италија, пренесе ДПА.

Германија нема да испрати нови пловила во близина на либискиот брег наместо фрегатата Аугусбург следниот месец, рекол највисокиот германски главен инспектор во Бундесверот, Еберхард Зорн.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини остро реагирал на ваквата одлука.

„Мандато на операцијата „Софија“ беше едноставно да ги истоварат сите мигранти во Италија“.

Околу 50 илјади луѓе пристигнаа во Италија како реаултат на оваа поморска операција, рекол Салвини.
„Ако некој се повлече од операцијата, тоа сиггурно не е наш проблем“ порача Салвини.

Фрегатата Аусбург требаше да го замени пловилото за снабдување под името Берлин, ќе остане во режим на подготвеност и може да биде во Медитеранот во рок од 14 дена во случај да дојде до промена на германската одлука

Треба да знаете
Последни објави