Eвропската Унија одобри 305 милиони евра финансиска помош за Тунис за да им помогне на младите во оваа африканска држава полесно да најдат работа и да го подобри локалниот развој на земјата.
ЕУ изјави дека овој рекорден финансиски пакет ја означува цврстата посветеност на унијата да им овозможи подобри услови на младите во земјата.
Оваа северно-африканска земја транзитираше во демократија откако поранешниот претседател Зине ел Абидине Бен Али беше отстранет од власт во 2011, а Тунис стана единствената земја опфатена од арапската пролет која избегна конфликт.
Но економската криза ги вложи условите за живот, а невработеноста е на високо ниво поради политичката нестабилност и недостатокот од реформи кои ги буквално ги избркаа инвеститорите. Оваа ситуација ја принуди владата да воведе мерки на штедење за да ги задоволи донаторите и кредиторите вклучувајќи го и ММФ.