Заев до Османи: Се китат со туѓи перја, колегите Албанци да внимаваат

Премиерот Зоран Заев индиректно порача дека му се лути на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи поради тоа што се одлучи да свика координативно владино тело за имплементација на Законот за употреба на јазиците само со министри од ДУИ.

– Има криза заради тоа што некои политичари сакаат да се китат и со туѓи перја. Овој закон не е на ДУИ, овој закон е и на СДСМ, на Зоран Заев, на Беса, на сите што сме внатре, турска, пензионерска партија….Сите го поддржавме, сите го гласавме и мора да биде во духот на „Едно општество за сите“. Не ми требаат мене национализми од ниедна страна, затоа што кога повикав да одработиме како партнерство за државата, една од работите за кои што се согласивме е да градиме едно општество за сите. Како што јас како Македонец внимавам на моите сограѓани Албанци, така и колегите Албанци треба да внимаваат на сограѓаните Македонци, рече Заев синоќа при гостувањето на Алсат.

-Мојот пријател и потпретседател на владата заборавил на заклучокот од Влада, зошто немаме предрасуди, ништо не треба да правиме шверцерски, вели тој.

Заев додаде дека законот како стапен на сила ќе започне да се применува уште на следната владина седница.

Треба да знаете
Последни објави