Ирина Шајк: Мајчинството не ми го смени животот

Руската манекенка Ирина Шајк е еден од најбараните модели на денешницата и првата Русинка која се нашла на насловната страница на  eдно списание.

Ирина повеќе од две години е во врска со холивудскиот актер Бредли Купер. Двојката пред година и пол ја доби ќерката Леа и оттогаш манекенката паузираше со кариерата.

Сега девојчето потпорасна и Ирина , зборува за враќањето во манекенските води, но и за мајчинството.

Ирина објасни што за неа значи да се биде секси:

„Не е секси само жена во градник и високи штикли. Секоја жена е секси на свој начин, тоа е нешто што извира од тебе и не е поентата тоа да го покажувате на сите страни. За мене секси е жена облечена во костум и патики. Начинот на кој се движите, како зборувате, каков ви е карактерот… тоа е секси.“

А за мајчинството вели:

„Секогаш кажувам дека тоа што станав мајка е едно од најубавите нешта на светот. Не сметам дека тоа ми го смени животот. Ме смени мене во смисла дека се чувствувам подобро. Семејството е најважно на светот“, заклучи таа.

 

Треба да знаете
Последни објави