Судот во Приштина осуди едно лице на пет години затвор поради учество во терористички групи во Сирија. Од судот соопштија дека станува збор Косовец со иницијали М.Д. кој заминал во Турција со жената и со синот во март 2013 година, а подоцна преминал во соседна Сирија за да им се приклучи на броците на терористичката група Исламска држава.
Тој во август 2017 година им се предал на турските власти и побарал да биде вратен дома.
Засега не е познато дали ќе се жали на одлуката на приштинскиот суд.
Во одделно судење, судот во Приштина осуди пет лица на затворски казни за учество во терористички групи и за други дела поврзани со тероризам. Тие се осудени на казна затвор во траење од една до седум години, а изречени им се и парични казни од 600 до 3,5 илјади евра.
Властите во Приштина тврдат дека ниту еден граѓанин не им се приклучил на екстремистичките групи во Сирија и Ирак во изминатите три години