„Се надевам дека грешам, но јас сум крајно песимистичен во врска со ситуацијата за Косово“, вели Монтгомери за агенцијата „Танјуг“ и објаснува:
„Сегашната позиција на косовското раководство е дека Декларацијата за независност променила сé и дека новото Косово може да парви сé што можат и другите независни држави“.
Тоа значи игнорирање на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, воведување на такси од 100 отсто за српските производи и непочитување на Уставот, кој што, вели Монтгомери, е напишан од страна на Американците, а Албанците го промениле за да овозможат формирање на армија.
Покрај тоа, Монтгомери, забележува дека Европската унија нема моќ или волја да инсистира на имплементација на Бриселскиот договор, вклучувајќи го и ветувањето на формирање на Заедница на српски општини.
„Албанците открија дека тие не мораат да се држат до ветувања и да бидат искрени кон ЕУ“, додава тој.
Американскиот дипломат истакнал дека посебно е разочаран од тоа што САД го промениле својот долгогодишен став дека нема да се формира косовска армија.