Неверојатно: Организирал напад со киселина на својот син, само за да докаже дека мајката не знае да се грижи за детето

Татко организирал напад на својот 3-годишен син со киселина за време на „борбата“ со мајката на детето околу старателството. Како што пренесува британски медиум, името на детето и таткото не се откриваат поради заштита на идентитетот на детето.

Како што откриваат британските медиуми, таткото наводно направил план заедно со уште шестмина други осомничени, затоа што сакал да создаде „докази“ против неговата поранешна сопруга дека таа „не е способна адекватно да се грижи за детето“.

3-годишното дете претрпело сериозни изгореници на лицето и рацете на 21-ви јули минатата година, а сите помагачи на неговиот татко негираат дека биле вмешани во планот за напад со киселина.

Покрај на 40-годишниот татко, им се суди и на Адам Кеч, Јан Дуди, Норберт Пулк, Мартин Бадиов, Сајед Хусеин и Џабар Пакти.

Детето било во продавница заедно со својата мајка кога нападот се случил. Нападот бил извршен од пријател на таткото, Адам Кеч и се завршило во секунда. Сепак, надзорните камери во супермаркетот го откриле идентитетот на напаѓачите.

Можеби звучи неверојатно, но тоа не бил единствениот напад на детето. Во април 2016-та година, родителите се развеле, а мајката со себе ги зела трите деца. Таткото тешко го поднел разводот и му било дозволено да ги гледа децата на секои две седмици со надзор. Тој побарал повеќе време, но мајката се спротиставила и не го дозвилила тоа.

Треба да знаете
Последни објави