Општина Аеродром отворена за лицата со оштетен слух

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска оствари средба со претставници од Здружението на глуви и наглуви на Град Скопје.

На средбата стана збор за проблемите и предизвиците со кои се соочува оваа група граѓани, како и за можностите за соработка на Здружението со Општина Аеродром.

Општината во наредниот период ќе ги разгледа барањата од Здружението, како што се отворен ден во нашата институција за глувите и наглувите граѓани со придружба од толкувач на знаковниот јазик, обезбедување толкувач за време на родителските средби во основните училишта, како и ослободување термини за спортување во спортските сали во рамките на училиштата.

На територијата на Општина Аеродром живеат околу 30 лица со оштетен слух, од различна возраст.

Треба да знаете
Последни објави