Многу е веројатно по крајот на оваа сезона Реал Мадрид да тргне активно на трансфер пазарот и да донесе неколку квалитетни играчи, ѕвезди кои го кренале нивото на квалитет и игра на „кралевите“.
Во последните години Реал е некако мирен кога се во прашање преодните рокови и не се одлучува да нападне некој голем играчи иако дефинитивно има средства и моќ за тоа. Сепак заминувањето на Кристијано Роналдо, проблемите со неконстантниот Бејл, Иско… дефинитивно се знак дека шпанскиот гигант мора да повлече одредени потези.
Една од големите желби е ангажман на Кристијан Ериксен, а Флорентино Перез ќе направи се за да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“. Данецот се уште ја нема продолжено соработката со Тотенхем, но премиерлигашот е упорен и се надева дека ќе бидат надминати сите проблеми.
Меѓутоа тука е интересот од Реал кој верува дека може да го придобие играчот, ама пречката е Тотенхем, поточно првиот човек на клубот, Даниел Леви кој не сака да се откаже од офанзивецот или поточно за да се случи тоа бара огромна сума па пари.
Поради ова европскиот шампион се обидува да го вметне во зделката Хамес Родригез кој во моментов ја одработува својата втора сезона во Баерн. Тој тука игра како позајмен играч со тоа што бундеслигашот има опција да го откупи за 42 милиони евра, ама како што сега стојат работите тоа нема да се случи и Колумбиецот ќе остане во сопственот на Реал.
Според еден медиум во ова Перез и компанија гледаат шанса за зделката во која освен Хамес би била платена и сума на пари за да го убедат Леви да попушти и дозволи Ериксен да си замине од Тотенхем.
Во случај ова да не успее, ништо нема да биде страшно за Хамес и Реал со оглед на тоа што за него интерес пројавуваат екипи како Арсенал, Јувентус и Наполи.