Кшиштоф Пјатек денес ќе потпише петгодишен договор со Милан, а „Росоњерите“ на Џенова за младиот полски напаѓач ќе им исплатат 35 милиони евра.
Оваа вест прв ја објави италијански новинар, а во тек е размена на документи помеѓу клубовите, по што трансферот ќе биде официјализиран во текот на денот. Се очекува Пјатек да дебитира за својот нов клуб веќе следниот викенд против Наполи.
Трансферот на Пјатек доаѓа откако Гонзало Игуаин одлучи да го напушти Милан и да се пресели во Челси, по што веќе беше јасно дека Милан ќе мора да пронајде замена во пресрет на одлучувачкиот дел од сезоната.
Пјатек оваа сезона е вистинска сензација во Серија А. Во дресот на Џенова постигна 13 погодоци на 19 натпревари, а во италијанскиот Куп на два натпревари постигна шест погодоци, по што го привлече вниманието на најголемите клубови.