После Кејн и Деле Али ќе пропушти неколку натпревари на Тотенхем

Откако неодамна се повреди Хари Кејн, сега се повреди уште еден од главните играчи во екипата на Покетино, Деле Али.

Али се повреди на натпреварот против Фулам кој Тотенхем го доби со 2:1, а тоа е третата слична повреда која што Англичанецот ја заработи оваа сезона.

Така Али му се придружи на Кејн на листата со повредени фудбалери, па двајцата ќе го пропуштат дуелот против Челси во Карабао Купот, како и евентуалното финале. Исто така, ќе го пропуштати првиот дуел против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите и натпреварот против Кристал Палас во ФА Купот.

„Дополнителните прегледи покажаа дека Али ја истегнал тетивата на коленото. Тој ќе го помине процесот на опоравување со нашиот медицински тим, а се очекува да се врати на терените на почетокот на март“, соопштија од Тотенхем.

Треба да знаете
Последни објави