Хонг Конг подготвува закон со кој ќе се казнува навреда на државната химна

Властите во Хонг Конг го претставија новиот закон со кој би се озаконило казнувањето на навреда на државната химна, со три години затвор и казна од речиси седум илјади долари.

Хонг Конг е посебен административен регион на Кина, каде сличен закон беше донесен во 2017 година.

Казните се пропишани за сите кои јавно и намерно ќе ја навредат химната или за употреба во комерцијални цели, според уредбата за Устав и континентални работи во Нонг Конг.

Како што се наведува, законот е наменет за да обезбеди дигнитет на химната. Слични закони постојат и во Сингапур, Малезија и Тајланд, каде химната на кралското семејство е заштитена со долговечен закон против велепредавство.

Треба да знаете
Последни објави