Шпанските спасувачи се во трка со времето и неизвесно е дали ќе успеат да го извлечат двегодишното дете кое пред десет дена падна во бунар во Шпанија. Кога сите веруваа дека е направен процеп кој ќе ги одведе спасувачите во тесниот и длабок бунар каде се верува дека е двегодишниот Јулен, медиумите јавуваат дека спасувачите наишле на нова огромна препрека. Бунарот длабок 110 метри, со широчина од 25 сантиметри е претесен да низ него да помине возрасен човек. Претпоставките се дека детето е заглавено на длабочина од 72 сантиметри, па беа пуштени и камери за да ја снимат внатрешноста на бунарот.
Спасителите на подрачјето на Малага избушија и паралелна дупка до длабочина од 60 метри, но неопходно е да се прошири процепот за низ него да влезе возрасен човек. Тие вметнаа и метални цевки, но сега ќе мора да ги отстранат за да ја прошират дупката.
Поради опасност од урнување, не смее да се користи експлозив. Тврдата земја го забави бушењето, а дел од дупката рударите и рачно ќе треба да ја ископаат. Нема информации колку време ќе биде потребно за да се прошири отворот низ кој треба да влезат рударите во бунарот.
Но, и по 10 дена кај најблиските се уште постои надеж дека детето е живо. Многу семејства држат запалени свеќи и се молат ширум Шпанија за спас на двегодишото дете.
,,Само родители можат да разберат што нис е случува и како се чувствувам. Скршени сме”, вели таткото на Јулен Росело.
Инженерите велат дека ископувањето на хоризонталниот премин би бил најопасниот дел од напорите за спасување на детето.Шпански рудари и инженери се приклучија на работниците од шведската фирма, кој помогна да се лоцираат и 33 чилеански рудари кои беа спасени по 69 дена под земја пред повеќе од седум години.
Момчето пред 10 дена било видено од очевидци како паднало во бунарот и засега според информациите на тамошните медиуминема регистрирани знаци на живот. Пожарникарите, со помош на роботска камера, пронајдоа кесе со бонбони што момчето ги држело в рака пред да падне во бунарот.
Детето со своето семејство било во близина на селото Тоталан кога паднало во бунарот. Карлос Мендоза (49) од Малага, кој живее во Тоталан, во изјава за медиумите вели дека родини на семејството само што го купиле имотот пред неколку месеци, каде што планирале да градат куќа. Тие за викендот дошле на имотот.