Рама положи заклетва и како шеф на дипломатијата

Албанскиот премиер, Еди Рама положи заклетва и како министер за европски и надворешни прашања.

Агенцијата „АНА“ пренесе дека Рама заклетвата ја положил во кабинетот на албанскиот претседател, Илир Мета кој на Рама му посакал успех на оваа важна функција.

На 16 јануари албанскиот Парламент со гласовите на владејачкото мнозинство ги избра новите министри во реконструираната Влада, а уредбата за наименување на Рама и за шеф на дипломатијата, претседателот на Албанија, Илир Мета ја потпиша два дена подоцна, на 18 јануари

Треба да знаете
Последни објави