Овој десерт освен што е вкусен, се подготвува од здрави намирници за помалку од 10 минути.
Потребни состојки:
Три поголеми меки авокада
Три до шест лажички кокосово млеко
Четвртина шолја какао прав
Две лажици кокосово масло
Лажичка екстракт од ванила
Две лажички мед
Подготовка:
Исчистете го и исечете го авокадото, сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
Ставете ја во фрижидер половина час да се стегне и послужете го десертот посипан со какао прав, сецкани бадеми или лешници или парченца темно чоколадо.