Тјери Анри ги поминува последните денови на тренерската позиција во Монако. Тој е многу блиску до отказ поради слаби резултати.
Предводени од Анри, фудбалерите на Монако успеаја да победат на само два од 12 натпревари.
Според пишувањата во медиумите, раководството на тимот од кнежевството ја разгледува опцијата да го врати Леонардо Жардим кој беше сменет токму од Анри.
Монако е на 19. место во француската Лига 1 со само три победи, шест нерешени и дури 12 порази, односно 15 освоени бода.