СДСМ и понатаму продолжува да ги лаже граѓаните. Веќе две години откако СДСМ ја има власта во свои раце, нема реализирано ниту еден проект, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, СДСМ наместо да промовира и реализира нови проекти, се фалат со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.
„Имено, СДСМ се фали дека наскоро ќе бидат пуштени во употреба автопатот Миладиновци – Штип и автопатот Кичево – Охрид, но тоа се проекти кои беа оставени во напредна фаза на реализација од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Државата и граѓаните станаа жртви на неспособноста и незаинтересираноста на СДСM. Затоа многу скоро граѓаните ќе го казнат СДСМ за сите црнила што ѝ ги нанесуваат на Македонија”, се додава во реакцијата.