Гонзало Игуаин и официјално е нов фудбалер на Челси, а во лондонскиот клуб ќе настапува како позајмен фудбалер од Јувентус.
Иако минатото лето Игуаин се пресели во Милан како позајмен играч од Јувентус, тој сепак одлучи да го напушти „Сан Сиро“, по што деновиве го комплетираше трансферот во лондонски Челси.
Челси ќе исплати 9 милиони евра за неговата позајмица до крајот на сезоната, а потоа ќе може целосно да го откупи неговиот договор за 36 милиони евра.
„Кога добив шанса да се преселам во Челси, едноставно морав да го искористам тоа. Тоа е тим кој секогаш го следев и клуб со историја. Имаат одличен стадион и играат во Премиер лигата каде што отсекогаш сакав да играм. Се надевам дека на теренот ќе ја оправдам довербата која што ми ја дадоа и едвај чекам да заиграм“, изјави Игуаин.