Познатиот американски комичар Кевин Барнет почина на 32 години, објави британска телевизија.
Барнет се прослави со популарната серија на FOX „Rel“, а беше и еден од сценаристите на комичната ТВ-серија „Broad City“.
Тој исто така важеше за еден од најдобрите млади стендап комичари во САД.
Барнет наводно бил на одмор во Мексико кога починал, а причината за смртта уште не е позната.
„Многу сме тажни поради смртта на нашиот пријател Кевин Барнет. Беше неверојатен талент и прекрасна личност. Нашите мисли се со неговото семејство и пријателите“, напишаа вработените во неговата агенција.