Беренис Шкаер, поранешната девојка на исчезнатиот аргентински фудбалер Емилијано Сала, ги повика британските власти да продолжат со потрагата. Русокосата моделка не крие дека е очајна поради трагедијата што го погоди фудбалерот, а на својот инстаграм-профил објави емотивна илустрација на која е прикажано дека Сала е спасен и излегува од морето.
Сè уште има многу места каде што Емилијано Сала и пилотот може да се најдат, зошто ја завршивте потрагата, а не поминаа 72 часа? Семејството е очајно и чека одговори “, напиша Беренис на „Инстаграм“. Емотивната илустрација трогна илјадници луѓе кои молат во коментарите да продолжи потрагата и замеруваат што била прекината по два дена.