Од Каљари ја одредиле цената за младиот италијански репрезентативец Николо Барсела која ќе мора да ја платат заинтересираните клубови – изнесува 50 милиони евра.
Наводно Интер и Челси деновиве водат голема битка за потписот на талентираниот играч за врска на Каљари. Челси барааат замена за Сеск Фабрегас кој го напушти „Стемфорд Бриџ“, и за трансферот на Барела наводно лично инсистирал тренерот Маурицио Сари.
Сепак, Челси има голема конкуренција во Интер, а италијанските медиуми пренесуваат дека „Нераѕурите“ веќе ги договориле личните услови со Барела. Покрај тоа, наводно Интер и Каљари се веќе во напредни преговори, а миланскиот клуб наводно сега се обидува да ја спушти неговата цена, така што на Каљари ќе им понуди некој играч во договорот.
Наводно Интер нуди 35 милиони евра, а се предвидува дополнителни 9 милиони евра да им бидат исплатени на Каљари откако ќе се активираат одредени клаузули во договорот на Барела.