Детали за престрелката во Маџари: Со еден автомобил ги удриле, а со друг им го попречиле патот па пукале

МВР ги идентификуваше учесниците во престрелката вчера во Маџари, во која беше рането едно лице, а двајца се приведени.

-На 24.01.2019 година во 11 часот во СВР Скопје било пријавено пукање од огнено оружје на улица Благоја Стефковски. Д.З.(48) од Скопје, додека се движел од улица Перо Наков со автомобил „фолксваген голф“, во кое сопатници биле неговиот брат Б.З.(50) и внукот С.З.(28), во близина на приклучувањето на улицата Благоја Стефковски, од споредната улица со голема брзина во нив удрил друг „голф“ што го управувал А.И.(39) од село Сингелиќ, велат од МВР.

Веднаш потоа зад нив застанал автомобил „алфа ромео“, управуван од Б.И.(31) од село Сингелиќ,кој бил со уште едно лице. Тогаш А.И. и Б.И. почнале да пукаат со пиштол кон „голфот“ на Д.З., а потоа ги искршиле стаклата. При тоа бил повреден Б.З., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош.

-По добивање на пријавата, полициски службеници веднаш излегле на местото на настанот. Во изјава пред полициските службеници С.З. кажал дека и тој пукал кон А.И. и Б.И. и бил приведен. По преземени мерки и активности бил пронајден и приведен  и А.И.. Во 13.35 часот пријавено е дека и 13-годишниот син на повредениот Б.З.,, кој бил во возилото, бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“,  бидејќи се пожалил на повреди на главата. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, велат од МВР.

Треба да знаете
Последни објави