Евакуирани 500 луѓе од станица во Франкфурт поради лажна дојава за бомба во воз

Поради лажна дојава за бомба во воз, беше евакуиран дел од железничката станица во јужниот дел на Франкфурт. Полицијата евакуирала еден воз и два перони. Полицајците со кучиња трагачи го прегледале возот, но не е пронајдена никаква експлозивна направа, објави „Дојче веле“.

Никој од патниците не е повреден за време на евакуацијата, а по темелното прегледување, патниците повторно се вратени во возот и го продолжиле патот.

Потврдено е дека е евакуиран возот ICE 74 кој вози на релација од Цирих кон Келн. Поради бомби, цеосно блокирани беа пероните 5 и 6 на станицата во Франкфурт.

Треба да знаете
Последни објави