Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го официјализираше првото засилување за зимскиот преоден рок. Бразилскиот интернационалец Леовигилдо Жуниор Реис Родригез, е нов фудбалер на „црвено-црните“.
„Среќен сум што станав дел од Вардар. Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим, и чест ми е што можам да играм во Вардар. Ќе дадам се од себе екипата да бележи добри резултати, да освојува бодови, и секако се надевам на освојување на шампионската титула уште оваа сезона“, изјави Жуниор.
Новиот фудбалер веќе е со екипата на подготовките во Аланија, Турција каде што веќе настапи на првите два контролни натпревари. Бразилецот вели дека е одлично примен и очекува добри подготовки и успеси во пролетниот дел.
Добро се вклопувам во новата средина, и одлично сум примен од новите соиграчи. Сега останува добро да работиме и да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Се надевам на добри игри и на добри резултати во вториот дел од сезоната, и се разбира посакувам прво место на крајот, додава новото засилување на „црвено-црните“.