Централниот одбор на СДСМ вечерва на седницата донесе одлука за свикување на 23 Конгрес на партијата, кој ќе се одржи на 03.03.2019 година, дознава 24Инфо.
Извршниот одбор дополнително ќе го утврди дневниот ред, како и времето и местото на одржување на конгресот бројот на делегатите.
На седницата ќе се разгледува актуелната политичка состојба и опцијата дали партијата ќе оди на предвремени избори. На дневниот ред е и пррдлог одлуката за избор на претседател на ЦО на СДСМ.
Вечерва ќе отпочне и постапката, начинот и критериумите за утврдување на кандидат на партијата за претседател на РМ, како и за кандидатите за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар.