Деценискиот проблем на граѓаните на Гевгелија кои немаа пристап до чиста и квалитетна вода за пиење конечно е надминат, информираат од владејачката СДСМ и додаваат дека водата во Гевгелија е со висок квалитет, односно повеќе не содржи арсен и е целосно безбедна за пиење.
„Анализите на физичко-хемискиот состав на водата за пиење од трите бунари на новиот водоснабдителен систем, направени од Институтот за јавно здравје на Република Македонија потврдуваат дека во водата воопшто нема арсен и дека квалитетот на водата е во согласност со законските и стручни прописи“, стои во партиското соопштение.
Во него се додава дека како одговорна партија, СДСМ и на централно и на локално ниво продолжува со спроведување на мерки и проекти што обезбедуваат здрава животна средина, чиста вода за пиење и повисок животен стандард за граѓаните