СДСМ: Задоцнета е лажната грижа на Мицкоски за пазарџиите, законот е одложен и се бара решение

Антинародниот Христијан Мицкоски продолжува со лажната загриженост и со лицемерството кон граѓаните. 11 години Хидро Мицкоски мислеше на сопствените интереси, на бизнисите со хидроцентралите што ги доби од својот ментор Никола Груевски. 11 години Мицкоски не проговори ниту збор за пазарџиите, за земјоделците, за граѓаните, велат од СДСМ.

„Сега, уплашен од поразот што го чека на изборите, Мицкоски, без идеја, без програма, лицемерно глуми загриженост.

Доцни Хидро Мицкоски 11 години, доцни и сега кога веќе законското решение е одложено. Пазарџиите може да бидат спокојни, ќе се најде вистинското решение што ќе биде во интерес на економијата, земјоделците и пазарџиите.

СДСМ секогаш бил во заштита на интересите на граѓаните, така ќе биде и овој пат. Со компромис и меѓусебно разбирање градиме едно општество за сите граѓани“, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави