Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, по состанокот на делегациите на Русија и НАТО, изјави дека спорот во врска со Договорот за отстранување на нуклеарни проектили од краток и среден дострел (INF), не е решен.
Британски „Ројтерс“ објави дека Столтенберг изјавил дека на денешната средба на претставници на НАТО и Русија не се реши спорот во врска со новите руски ракети за кои дел сметаат дека претставуваат закана за Европа.
САД претходно се закани дека ако нема напредок до 2 февруари, ќе го покрене шестмесечниот процес за повлекување од нуклеарниот договор, а станува збор за проектили кои можат да носат нуклеарни боеви глави.
„Овој договор е во вистинска опасност“, рече Столтенберг, додавајќи дека Русија не покажала подготвеност за компромис.
Тој ја повика Русија да се врати на почитување на договорот и истакна дека НАТО ќе продолжи со дијалогот со Русија за овој договор, на различни нивоа и дека САД не сака нова студена војна и трка за вооружување