Повеќе од 200 луѓе се исчезнати откако рударска брана се распадна во Бразил, предизвикувајќи море од кал кое се шири во руралните области во југоисточната држава Минас Жераис, пренесе Би-би-си. Според информациите, се стравува од ширење на отровен отпад и загадување на животната средина.
Се уште нема потврдени жртви, а се трага по исчезнатите, соопшти противпожарникарската служба.
Спасувачки екипи се испратени до местото, а официјални лица изјавиле дека голем број жители во близина на браната се евакуирани.
Рудникот за железна руда е во сопственост на најголемата рударска компанија во Бразил, „Вале“.
Видео-снимки покажуваат како каллта се шири по патиштата и ги уништува зградите.