Врнежите во поголем дел од земјава се од снег, а само во крајните источни делови се од дожд, каде се и најинтензивни и имаат пороен карактер. Во ноќните часови врнежите ќе се намалуваат. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. Утре врнежи од снег со слаб до умерен интензитет ќе има во источните и јужните делови, а во крајните југоисточни ќе бидат од дожд и снег, информираат вечерва од Управата за хидрометеоролошки работи.
Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 97 сантиметри, во Маврово – 80 сантиметри, во Лазарополе – 50 сантиметри, Пожаране – 45 сантиметри, во Тетово – 16 сантиметри, во Скопје – 15 сантиметри, Демир Капија – 13 сантиметри, Претор – седум сантиметри, во Тополчани и Битола – пет сантиметри и два сантиметри во Берово.
Врнежите од снег ќе продолжат и во Скопската Котлина, во ноќните часови ќе се намалуваат по интензитет.
Во Гевгелија наврнаа 68 литри на метар квадратен, во Демир Капија – 63 литри, во Струмица – 40 литри, во Виница – 23 литри, во Берово и Пожаране – 20 литри, во Штип – 16 литри, во Тетово – 14 литри…, информираат од УХМР. р