ВМРО-ДПМНЕ: Од една страна ги ограбуваат, а од друга страна ги лажат пензионерите

Владата нека се консолидира и нека одлучи кој е во право, Министерството за труд и социјална политика (МТСП) кое дезинформира дека пензиите ќе растат или министерката за труд и социјала која призна дека пензиите ќе се кратат, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако МТСП денеска ги демантира тврдењата на оваа партија дека пензиите ќе се скратат за 400 денари месечно.

„Факт е дека покачувањето на пензиите се крати. Тоа го пишува и во законските измени донесени од владата и гласани од пратениците на СДСМ. Втор неспорен факт е дека со измените пензиите ќе се кратат за 400 денари“, истакнуваат од опозициската партија и ја повикуваат Владата да престане, како што велат, од една страна да ги ограбува, а од друга страна да ги лаже пензионерите.

Треба да знаете
Последни објави