ОН: Неуспешна блокада на седницата на Советот за безбедност за ситуацијата во Венецуела

Русија, Кина, Јужна Африка и Екваторијална Гвинеја неуспешно се обидоа да ја блокираат седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за ситуацијата во Венецуела, свикана по барање на САД.

Овие четири земји издадоа соопштение во кое се наведува дека тие даваат целосна поддршка на националното собрание на Венецуела како единствена демократски избрана институција, објави агенцијата „Ројтерс“.

Од 15-те членки на Советот за безбедност на ОН, само овие четири земји гласаа за прекин на седницата, девет гласаа против предлогот, а имаше и два воздржани гласа.

За прекин на седницата треба да се изјаснат најмалку девет членки, а притоа, постојаните членки на Советот за безбедност – САД, Велика Британија, Франција, Русија и Кина не можат да користат вето.

Седницата беше свикана по барање на државниот секретар на САД, Мајк Помпео.

Треба да знаете
Последни објави