Непознато лице кое управувало патничко моторно возило „мерцедес” вчера во 17:00 часот удрилo во пешакот И.С.(19) од Скопје на улица „Босна и Херцеговина” во Скопје по што избегало со возилото. Од незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Градска општа болница „8 Септември”. Извршен е увид на местото на настанот и се работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.