Шилегов и СДСМ молчат за вработувањето на 700 партиски војници и тоа во пресрет на изборите. Ова не може да се сфати поинаку освен како еден обид за повторна изборна корупција.Се случува изборна манипулација. Уште пред да почне изборниот процес истиот е деградиран, изјави Светлана Колариќ, советник во Советот на Град Скопје.
Според неа, дополнително Град Скопје со Јавните претпријатија под негова надлежност не запираат да се бламираат и понатаму и да шират лаги . Од овие 700 вработувања 400 ќе бидат во ЈСП. Ова е дел од одлуката за вработување во ЈСП, од која јасно се гледа дека Шилегов ќе реализира дополнителни 403 вработувања.
,,Шилегов и СДСМ во текот на целиот предизборен период пред да дојдат на власт велеа дека администрацијата е преполнета и дека нема да има нови вработувања, но за жал сите кои беа вработени со договор на дело ги оставија и ги избркаа на улица. Одеднаш го промени своето мислење и сега се дава амин за вработување на 700 партиски војници.
Иако во ЈСП најголем дефицит има на возачи, кои според информациите кои што се шират во медиумите засилено ја напуштаат работа и заминуваат надвор од државата, Шилегов и Чушков за 2019 година планираат да реализираат само 100 вработувања за позиција шофер, додека пак остатокот се планира да биде административен и раководен кадар, од видот на советници, раководители, заменици, шефови на кабинети и слично. Овие 100 возачи би ги имале ние сепак во предвид со набавка на новите автобуси кои повторно истата власт ги вети на граѓаните а ќе видиме кога истите ќе се реализираат.Шилегов е тотално неспособен и не знае да менаџира со парите на граѓаните , не само што нема нови проекти, не само што нема нови инвестиции, Шилегов едноставно не може ни да изврши тековно одржување на комуналната хигиена во градот, но затоа пак фрла пари за полнење на администрацијата, која не носи бенефит за доброто на граѓаните на градот Скопје”, изјави таа.
Според Колариќ, покрај вработувањата на неопределено време во администрацијата на град Скопје и претпријатијата се под негова контрола, Шилегов реализира и голем број на времени вработувања преку приватни агенции за вработување и ја преполнува градската администрација. Сите информациите велат дека се ставаат луѓе на места кои не се ниту предвидени во постоечката систематизација која ја поседува градот за сметка на квалитетни кадри кои се седнати во ќош за сметка на нив се вработуваат партиски војници кои ги заземаат незаконски позициите.
,,Дополнително освен фијаското со претпријатијата се случува и фијаско во борбата против загадувањето на воздухот.Зоран Заев и Шилегов ги измамија граѓаните. Заев и Шилегов немаат успеси во борбата за почист воздух. А резултат на сето ова е најзагадена држава во светот. Граѓаните умираат поради загадениот воздух. Граѓаните, почитувани се излажани и изманипулирани”, изјави Колариќ.