Во Битола премиера на театарската претстава „Детето сонува”

Вечер на сцената на Битолскиот народен театар премиерно ќе биде одиграна претставата „Детето сонува”, драма, приказна за едно патување на една мајка и едно дете кои бараат прибежиште по напуштањето на својот дом.

Публиката во текстот ќе ја препознае кризата на бегалците насекаде низ светот, ќе види потресни слики за реалноста на поединецот и реалноста на надворешниот свет измешани меѓу сонот и јавето, најавија од Битолскиот театар во пресрет на вечерашната премиера на претставата работена според текстот на Ханох Левин од Израел, еден од најоригиналните и најиновативните драмски писатели на својата генерација.

Главните улоги во претставата ги толкуваат Борис Чоревски, актер во пензија и младиот Ангел Мицевски, ученик од Битола, а заедно со нив ќе настапат и повеќе актери од сите генерации на театарот од овој град.

Режисер е Итаи Дорон, а сценограф Омри Розенблум и двајцата од Израел, драматург е Билјана Крајчевска, а преводот од англиски на македонски јазик го направи Снежана Крајчевска Плушковска.

Треба да знаете
Последни објави